Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ковачевски, Заев и Спасовски на иста маса: „Полноправното членство во ЕУ е нашиот приоритет“

Вечерва се одржа координативен состанок на стратешкиот тим на СДСМ, извести премиерот и лидер на владејачката партија преку Фејсбук. На иста маса седнаа поранешниот премиер Зоран Заев, актуелниот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат.

Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока - да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030г.

Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации.

Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина“, напиша премиерот на ФБ.