Macedonia
This article was added by the user Anna. TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Кристофер Хил номиниран за нов амбасадор на САД во Србија

Тој е номиниран од американскиот претседател Џо Бајден.

Новиот американски амбасадор е познавач на регионалните прашања бидејќи беше заменик на Ричард Холбрук, главниот американски преговарач на мировните преговори во Дејтон, со кои беше завршена војната во Босна и Херцеговина.

Во декември минатата година на конференцијата „Наследството на мирот – 25 години од Дејтонско-парискиот мировен договор“, тој истакна дека Дејтон, чија цел била да се сопре војната, резултирал и со некои политички решенија кои не функционираат, а сега, кога тој би се прашувал, би инсистирал на „рационализирани власти“ со целосно почитување на највисоките стандарди на човековите права.

Тој беше амбасадор на САД во Ирак, Јужна Кореја, Полска, Македонија и накратко во Албанија. Беше и специјален претставник за Косово на САД.

Тој на местото амбасадор ќе го замени Ентони Годфри кој во Белград е од ноември 2019 година.

Хил е и поранешен помошник на американскиот државен секретар за Источна Азија и главен преговарач со Северна Кореја од 2005 до 2009 година.