Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Кузманоска: Пачешкоски заборави на пресумцијата на невиност и ќе добие тужба

„Со кое лице Зоран Пачешкоски излегува и зборува за некаков криминал? Како да подзаборавил дека потекнува од редовите на СДСМ, партијата, која врши класичен политички прогон и злоупотреба на институции, особено партизираното МВР, за политичка пресметка, а воедно партија која ја тресат низа кривични скандали поврзани со нејзини членови и поранешни раководни лица на значајни позиции“, рече Кузманоска.

Таа оцени дека Пачешкоски како да подзаборавил дека Прилеп е претворен во град на мафијата, каде, нагласи, се пресекуваат канали со дрога, се практикува насилство на секој чекор, каде безбедноста на граѓаните е на најниско можно ниво.

„Нека одговори кои се лицата кои се споменуваат во последните случувања и дали можеби тие се негови сопартијци или лица блиски до СДСМ? Зоран Пачешкоски како да заборавил на пресумпцијата на невиност која е една од правните темели според која, секој осомничен или обвинет за кривично дело, се смета за невин додека со правосилна судска одлука не се докаже дека е виновен. За ваквото намерно замајување на јавноста со лаги и клевети без донесена правосилна пресуда и докажано сторено дело, ќе си сноси одговорност и ќе добие тужба за клевета согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, рече Кузманоска.