Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Лидерот на талибанците мула Акхунд од меѓународните хуманитарни организации побара помош за „исцрпената нација“

Од: А1он

Лидерот на талибанците Мула Мохамед Хасан Акхунд го одржа своето прво телевизиско обраќање откако движењето кон средината на август ја презеде власта во Авганистан.

Ахунд притоа вети дека нема да се меша во работите на другите земји и побара меѓународна помош.

Обраќањето доаѓа во моменти кога Авганистан се соочува со хуманитарна катастрофа, бидејќи Обединетите нации проценуваат дека половина од 38-те милиони жители во земјата се на работ на глад.

-Бараме од сите меѓународни хуманитарни организации да не ја негираат помошта и да и помогнат на нашата исцрпена нација, рече талибанскиот лидер.

Тој, исто така, изјави дека талибанската влада нема да се меша во политиката на другите земји.

-Ги уверуваме сите земји дека нема да се мешаме во нивните внатрешни работи и сакаме да имаме добри економски односи со нив, изјави премиерот на талибанската Влада.