Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ливерпул го растури Евертон во градското дерби, победи за Челси и Манчестер Сити (ВИДЕО)

Ливерпул ја продлабочи кризата на Евертон, „карамелите“ се без победа повеќе од два месеци и на последните осум натпревари имаат дури шест порази.

Вечерва на Гудисон, „црвените“ го надиграа градскиот ривал и триумфираа со 1-4. Резултатот г оотвори Џордан Хендерсон, за десет минути подоцна Салах да истрча контра и да реалира за 0-2.

Греј во 38. минута намали на 1-2, но тоа беше се што направија домаќините. По дваесет минути игра во второто полувреме, Салах по втор пат се запиша во листата на стрелци, за Жота во 79. минута да го постави конечниот резултат.

На врвот на табелата нема промени откако Челси со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Вотфорд, а со истиот резултат, Манчестер Сити ја совлада Астон Вила и му го нанесе првиот пораз на Стивен Џеарард.

На останатите три денешни натпревари немаше победник, Саутемптон одигра 2-2 против Лестер, Вест Хем и Брајтон ремизираа 1-1, а на дуелот помеѓу Вулверхемптон и Барнли немаше погодоци.