Macedonia

Љупчо Николовски:Изборите се решение, тоа е нашата порака!

Заедно со кандидатите за пратеници од Изборната единица 3 денеска имавме координативен состанок со Регионалниот изборен штаб.Разговаравме за справувањето со коронавирусот, за мерките за заштита на граѓаните  и потребата од избори најдобро што може.Изборите се потребни заради целосна подготвеност на државата пред вториот бран на вирусот наесен, заради заштита на здравјето, рестарт на македонската економија но и целосно функционални институции. Изборите се решение! Тоа е нашата порака, кажа генералниот секретар на СДСМ, Љуочо Николовски.

„Решение затоа што ќе им дадат полн легитимитет на законодавната и извршната власт, на ново Собрание и Влада.

Решение затоа што ќе создадат простор за подобра и понавремена подготовка пред вториот бран на вирусот наесен.

Решение кое гарантира најголема заштита на здравјето на граѓаните и најдобри услови за рестарт на економијата.

Никој не знае колку ќе биде голем и какви последици би донел тој нов бран на коронавирус на есен, за што предупреди и Светската здравствена организацијата.

Затоа сега е моментот, кога ситуацијата ја држиме под контрола.

На државата на граѓаните и се потребни институции, функционално Собрание, политичка Влада  со пренесен легитимитет од граѓаните.

Така, државата уште подобро би се справила со тоа што не чека на есен.

Здравјето и животот  на луѓето се најважни. Но, важна е и економијата, важни се и останатите сектори.

Колку пократко трае оваа состојба ,толку побрзо ќе се вратиме во нормала.

Затоа, изборите се решение!

Уверени сме, институциите ќе ги обезбедат сите превентивни мерки за 100% заштита на граѓаните на денот на гласањето, ќе имаме 100% безбедно гласање.

Веќе 18 држави соопштија дека ќе одат на избори пред летото. Сите држави кои имаат избори оваа година ги закажуваат во овој период, затоа што тоа е одговорно, државнички.

Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, се опасни за здравјето и всушност се предлози да нема воопшто избори туку да се создаде Уставна криза.

Ние како одговорни луѓе тоа нема да го дозволиме.

Мицкоски од сите страни е веќе виден како неодговорен и незрел политичар, тоа го велат граѓаните.

Ничија политичка кариера не може да биде поважна од граѓаните и нивната сигурна иднина“, кажа Николовски.

Football news:

17-year-old Bayer midfielder Wirtz is the youngest goalscorer in the Bundesliga
Manchester City were in talks for Werner, but the player chose Chelsea. He was convinced by Lampard
Leipzig missed out on a 1-1 win over Paderborn in the 92nd minute. The club does not lose 12 meetings
Lewandowski scored 30 Bundesliga goals for the third time in his career in a season
Muller repeated the Bundesliga record with 20 assists in a season
Lewandowski broke his record by scoring 44 goals for the club in a season
Lewandowski and Muller will miss the match against Borussia Gladbach due to a card bust