Македонија е рангирана на 37-то место од 43 држави во Европа според Глобалниот индекс на здравствена сигурност за 2019 година, кој ја мери подготвеноста на земјите и нивните здравствени системи да се справат со евентуални епидемии или пандемии.

Од земјите во регионот пред нас се Хрватска, Албанија, Србија, Бугарија, Црна Гора и БиХ.

Глобалниот индекс на здравствена сигурност се изготвува врз основа на шест критериуми: превенција, рана детекција и известување, брз одговор, здравствен систем, усогласеност со меѓународните норми и ризичното опкружување.

Вчера во државата беше потврден првиот случај на заболен од коронавирус. Станува збор за 50 годишна жена која се заразила со вирусот во Италија.

Жената на која вчера и е дијагностициран коронавирус, а влегла во Македонија на граничниот премин Табановце, не е јасно како стигнала до Клиниката за инфективни болести.

Вчера во рок на од три часа, министерот за здравство Венко Филипче и надлежните дадоа три верзии за случајот со жената која има коронавирус.

Филипче и Владата не успеаја на јавноста да и кажат како таа отишла на Клиника за да се испита. Јасно е само дека жената била болна две недели и за време на престојот во Италија.

Првата верзија е „сама заминала на Клиниката за проверка“, во друга верзија велат „беше спроведена од граница на Клиниката за инфентивни болести“.

Трета верзија која ја слушнавме на втората прес-конференција на Филипче е „не кажала на граница дека е болна“.

Ова не е ниту помалку, ниту повеќе, туку само пропуст во менаџирање на надлежните ресурси за превенција на коронавирусот.

Во редовна процедура, таа треба да биде детектирана на границата од надлежните власти и да биде соодветно спроведна.