Постои ли потенцијален корупциски скандал поврзан со Државниот Секретар г-дин Драги Рашковски и организирањето на “Хуманитарните летови” кои ги организираше минатиот месец?!, реагираат од Македонска заедница во Малта.

Во продолжение целата реакција на Македонска заедница во Малта:

Веќе на сите ни е познато дека минатиот месец Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia преку јавен повик ги повика своите граѓани кои се затечени во странство поради кризата со Ковид19 да се пријават за “хуманитарни” летови за враќање дома.

И сето ова е одлично се до оној момент кога всушност надлежноста за организирање на овие летови од МНР преминува во Генерален секретаријат при Влада на Република Северна Македонија и самиот Генерален секретар Рашковски. Дали Рашковски виде можност за брза заработка на маката на граѓаните кои се оставени на милост и немилост по светот (не по своја вина) без никаква поддршка?

Драги Рашковски упати јавен повик до авио компаниите кои сакаат да се пријават за организирање на овие “хуманитарни” летови. На истиот повик се јавува единствено компанијата Wizz Air (која воедно е субвенционирана од македонскиот државен буџет) и го добива целосниот тендер.

За воља на вистината летот Малта-Македонија се организира прв од сите останати предвидени, НО и со најголем процент на заработувачка по патник.

За да го поткрепиме нашето тврдење со факти ви ги приложуваме сликите кои сведочат за ОГРОМНАТА разлика помеѓу два идентични лета (на иста релација) само што во едниот случај лета НИСКО-буџетниот Wizz Air (организиран од Македонската Влада), а во другиот случај лета Air Malta (организиран од Малтешката Влада).

Од Малта во Македонија пристигнаа околу 140 патници со летот кој го организираше MaltaGov за сите оние странски граѓани кои се затечени во Малта.

Цената на првиот лет кој го организираше Рашковски е ФАНТАСТИЧНИ 202€ по патник, додека цената на билет по патник кој го организираше Малтешката Влада е 50€ .

Во првиот лет се враќаат 124 македонски граѓани, во вториот лет 140 македонски граѓани.

Билетите со Wizz Air беа 152€ поскапи од билетите со Air Malta, а вкупната разлика помеѓу првиот и вториот лет е ФАНТАСТИЧНИ 18 000 € .

За каков “ХУМАНИТАРЕН” лет зборува Рашковски ако за еден ист лет организиран од две различни институции разликата во цена е 18 000€? На што се должи огромната разлика во цена?

Дали Јавно Обвинителство на Република Македонија по допрен глас ќе отвори истрага за очигледната злоупотреба околу организирањето на овие летови?

Јавно го прашуваме Драги Рашковски дали под организацијата на “ХУМАНИТАРНИ” летови виде одлична шанса за дополнителен личен приход на сметка на граѓаните.
За каква грижа кон македонските граѓани зборуваме ако за еден ист лет цената е 2 ипол пати повисока?

Вие ги враќате нашинците со НИСКО буџетна компанија за 202€, а Владата во Малта со нормална компанија и тоа за речиси симболична цена од 50€ по патник.

Дали ова значи дека всушност Малтешката Влада се грижи повеќе од вас за Македонските граѓани, или едноставно како секоја нормална европска влада не се обидува да ПРОФИТИРА на маката на граѓаните?

Искрено се надеваме дека ЈО ќе поведе истрага за случајот. Вас почитуван Државен секретар оставаме македонските граѓани сами да проценат кој и како се грижи за нив, но и кој и дали печали на нивната мака!