Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Малкумина знаат дека Реља бил застрелан во стомакот и останал без еден орган, а потоа доживеал семејна трагедија: Животот воопшто не го галел, а сега има брдо пари

Многу познати личности во текот на животот поминале низ вистински драми и неславни ситуации и настани, без јавноста да биде информирана за тоа. Намерно или случајно, во јавноста не се знае многу за немилите настани од животот на пејачот Реља Поповиќ.

Имено, како матурант, на само 19 години, Реља бил застрелан во стомак пред средното угостителско-туристичко училиште во кое учел и поради тешки телесни повреди пејачот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, пишуваат медиумите.

Во 2008 година, откако во блиското кафуле го навредил извесен Милош Ивановиќ, попознат како Мишко Пацов и неговиот пријател, Мишко со револвер го застрелал Реља во стомакот, поради што веднаш бил уапсен за обид за убиство.

Реља потоа бил итно опериран. Во борбата за неговиот живот, лекарите морале да му отстранат еден бубрег и слезината…

Како резултат на операцијата, тој има голема лузна на стомакот, која јавноста долго време немала можност да ја види.

Но, се чини дека Реља потполно стекнал самодоверба, веројатно поради бројните хитови кои од ден на ден ги реди се повеќе, па оваа лузна веќе не е проблем и не ја крие.

Реља во едно интервју дури изјави дека овој немил настан го спречил да се запише на Факултетот за драмски уметности, кој бил неговиот детски сон. Тој влегол во потесниот избор, но се плашел дека нема да биде физички подготвен за овој чекор поради оваа повреда. Дури подоцна завршил со актерството приватно, но Реља се уште жали што повеќе не глумел.

Колку пејачот навистина сака да глуми може да се види од неговите видеа, каде што го покажува сиот свој талент.

Дека животот не го галел докажува уште еден трауматичен настан кој им се случил на Реља и неговата сопруга Николија Јовановиќ. Имено, тој и неговата сопруга го изгубиле своето бебе во 2015 година…

Сепак, нешто повеќе од една година подоцна, овој пар доби прекрасно девојче на кое гордите родители и дадоа чудно и убаво име – Реа.

За жал, во 2017 година раперот го погоди уште една трагедија. Почина неговата мајка Зоја Беголи, балетска икона на Народниот театар. Зоја беше првиот балетски солист и долгогодишен учител на Народниот театар во Белград, педагог во балетско училиште и професор на Академијата за уметности. Голема тага завладеа во Народниот театар кога се прошири веста за нејзината смрт.