Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Медведев: Нема да застанеме додека не ги ослободиме старите руски земји

Од: А1он

Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија, наведува дека специјалната воена операција во Украина ќе продолжи се додека „нацистичкиот режим“ во Киев не биде целосно поразен.

Медведев се огласи на Телеграм по повод Денот на обединувањето на новите региони со Русија.

– Победата ќе биде наша и ќе има уште нови региони внатре во Русија – напиша Медведев и нагласи дека специјалната операција нема да заврши до ослободувањето на „старите руски територии“ од непријателот.

Медведев додаде дека пред една година жителите на припоените региони донеле судбоносна одлука на референдуми да застанат на страната на својата татковина.

– Нивниот избор стана не само симбол на обновувањето на историската правда, туку и на единството, односно на колосалната волја и посветеноста на рускиот народ – нагласи заменик-претседателот на Советот за безбедност.