Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мисија: Бајден на нозе

Еден од нестандардните, но крајно критичен, проект на луѓето од кампањата на Бајден е да се осигураат дека до изборите во ноември 2024 тој нема ниту еднаш да се сопне или да падне во јавност.

По падот во јуни годинава, Бајден се почесто носи патики наместо чевли, а на службениот авион му се сменети скалите и ставени му се помали со кои влегува едно ниво подолу во авионот од претходно.

На страна ова тој повеќе од една година прави вежби со терапевт за подобрување на неговиот баланс.

„Демократите, вклучително и луѓе во администрацијата, се преплашени дека на Бајден ќе му се случи некој лош пад, а најлошата верзија е тоа да се случи на неколку седмици пред изборите во ноември 2024.

Дел од високите демократски функционери приватно изразиле гнев кон дел од тимот на Бајден за тоа што дозволиле тој да се сопне на вреќата и затоа што премногу често претседателот изгледа како да не знае каде оди по завршување на говорот на подиум,“ пишува Аксиос.

Сите овие сопкања на Бајден инстантно се користат од Републиканците за дополнително проблематизирање на неговата возраст.

Според докторите проблемите на Бајден со рамнотежа се должат на „комбинација од значителен рбетен артритис“ и „благ артритис на стапалото по фрактура.“

Три-четвртини од Американците сметаат дека Бајден е премногу стар за функцијата. За Трамп со истото се согласуваат околу половина.