Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Митева: Новиот тендер од 3 милиони евра од Пановска на Пановски е уште еден доказ за недовербата во здравствениот систем

Договорите за набавка кои ги склучува веледрогеријата Д-р. Пановски, каде сопственик е таткото на Ирина Пановска Ставридис, инаку директор на Клиниката за хематологија од истата таа клиника се пракса која раѓа недоверба во целокупниот здравствен систем. Новиот тендер од 3 милиони евра е уште еден доказ за тоа.

Јавноста чека одговори за тоа како и зошто во Македонија има само еден овластен добавувач на потребните лекови, дали тоа не е монополизација на процесот? Дали доделување на тендери од еден член на фамилијата кој раководи со институцијата на друг член од фамилијата кој е понудувач не се отвара можност за злоупотреба или попречување на процесот на еднаквост? Дали една дадена изјава за изземање од процедурите е доволен показател дека не станува збор за судир на интереси?

ЈЗУ УК за хематологија наместо да поставува прашања до политичка партија, би било добро да и одговори на јавноста колку тендери добила веледрогеријата Д-р. Пановски само изминативе години додека неговата ќерка раководи со клиниката, колку тендери се добиени од Министерството за здравство во истиот тој период и уште поважно колку е вредноста на тие тендери?