Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мицкоски на средба со Роберт Скот Хејзлет од НДИ: Македонија е практично заложник на криминогеноста и корупцијата на СДСМ и ДУИ

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членовите на ИК на партијата, Ели Панова и Дафина Стојаноска и меѓународниот секретар Стефан Андоновски, оствари средба со Роберт Скот Хејзлет и претставници на Националниот демократски институт.

-На средбата се констатираше одличната соработка која ја има ВМРО-ДПМНЕ со НДИ, во форма на различни обуки, семинари, трибини и друг вид на едукативни и тренинг настани. Констатиравме дека добрата соработка треба да продолжи и во иднина, и уште повеќе да се заслува, посочи Мицкоски.

Разговарано беше и за актуелната состојба во државата, за што Мицкоски потенцирал дека Македонија е практично заложник на криминогеноста и корупцијата на СДС и ДУИ.

-Владеењето на правото е недостижна фантазија со оваа гарнитура на власт, и токму затоа се потребни промени, рече Мицкоски.