Macedonia
This article was added by the user Anna. TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мицкоски од Штип: Го носам гласот на секоја една слободна индивидуа која бара промени

„Не залудно последниот ден од нашата кампања е овде во Штип, затоа што Штип бил круната на многу промени кои се случувале во историјата, а така ќе биде и денес. 

„Ние не завршуваме во Штип, туку ова е почеток, означување на почетокот во нашата битка за промени, и создавање на нова иднина, во битката за вредностите во кои веруваме и за кои се обврзуваме", истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски на митингот во Штип.

Мицкоски додаде дека времето на промени и создавање на нова иднина започнува.

„И таа наша верба не прави мотивирани да истраеме низ сите предизвици, да се креваме одново, и одново. Затоа што стојам овде пред вас штипјани, но го носам во исто време гласот на луѓето од Охрид, на маката на земјоделците од Пелагонија, на тутунарите од Прилеп, оризарите од Кочани, на граѓаните од Скопје кои велат мора да се стави крај на сообраќајниот метеж и загадениот воздух, револтот на кумановчани. Го носам и гласот на тетовчани кои ја бараат вистината за трагедијата во болницата, велешани кои копнеат за промени, на Малешевијата кои бараат да се вратат младите, на југот кој што моли за помош во економијата, го носам гласот на секоја една слободна индивидуа, која верува во нас, која бара своја шанса, која има надеж, тоа е гласот на Македонија која вика, Македонија која бара промени. Македонија која верува во иднина", рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека после 19 дена кампања, сите граѓани, млади, стари, мажи и жени, христијани, муслимани, атеисти, работници, земјоделци, лекари, професори, уметници, сите заедно ќе победат. ВМРО-ДПМНЕ победува на 17-ти октомври.

„Ќе победиме затоа што овој пат е јасно Македонија е на нозе, и нема да дозволи апсолутна власт во рацете на неодговорни луѓе, уште нови четири години од нашите животи заедно да ги потрошат. Сите овие луѓе бараат парче достоинство за себе, решавање на нивните проблеми, одговорност, сигурност и среќа во нивните животи", посочи Мицкоски.