Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мурињо сака во Рома да го доведе Санчо

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо сака неговиот тим да го ангажира играчот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо. Рома сака да го искористи моментот кога Санчо е суспендиран и тргнат од првиот тим на „Црвените ѓаволи“ и да го донесе на „Олимпико“.

Санчо го загуби местото во тимот поради несогласувања со Ерик тен Хаг. Сепак, шансите на Рома да го купи крилниот играч се мали, со оглед на неговата цена која ја бара Јунајтед.

Тимот од „Олд Трафорд“ за него сака 60 милиони евра, или 30 милиони помалку од оние кои ги даде за негово доведување. Засега Манчестер не се согласува на позајмица, туку само продажба.

За Санчо е заинтересирана и Борусија Дортмунд, која сака да го врати играчот, меѓутоа челниците на „милионерите“ не се задоволни од однесувањето на англискиот фудбалер кој неколку пати задоцнил на тренинзите на својот тим, а е наклонет и на видео игри.