Macedonia

МЗ бара итна истрага за маските со лажни сертификати за заштита од коронавирус

Во врска со текстот објавен на порталот irl.mk под наслов „Маски со лажни сертификати за заштита од корона завршиле низ болниците во Македонија, ОЛАФ води меѓународна истрага“, Министерството за здравство соопшти дека не располага со информации поинакви од тоа што е објавено во текстот, а е цитирано од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).

На барање на Министерство за здравство, како што се посочува, МАЛМЕД достави сосема идентични одговори.

Во однос на информациите наведени во гореспоменатиот текст за набавки на маски со фалсификувани сертификати, Министерството за здравство нема надлежност да постапува и да врши истраги, ниту пак да утврдува веродостојност на дадените документи.

Министерството за здравство бара итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции за да се утврди точната состојба. Министерството целосно стои на располагање во рамки на своите надлежности за соработка со сите надлежни институции, за да се утврдат евентуални неправилности во посочените продукти и соодветно да се реагира за да се заштити јавното здравје и медицинските работници, стои во соопштението.

Football news:

One Barca player among those starting the pre-season has contracted a coronavirus
Malinovsky settled in Italy: after the quarantine, he scored against Lazio and Juve, ahead of Mertens, Higuain and De Ligt in the ranking of the best players in Serie A
City are ready to give Coulibaly a 5-year contract with a salary of 10 million euros. Napoli wants 80 million for him^. Manchester City are working on the transfer of defender Kalidou Coulibaly from Napoli
PSG have a lot of injuries before the Champions League (even Tuchel!). Kerer broke his ear, but Mbappe is recovering furiously
Manchester City can join the fight for Tiago. Liverpool are still Interested in the player
Fomin about career abroad: I don't plan so: in 20 — FNL, in 22 — RPL, in 24 — Europe. I move step by step
Mendes suggested Manchester United's Fati as an alternative to Sancho. Barcelona will not sell the midfielder and will extend his contract