logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

На третата владина седница усвоен новиот предлог-закон за Финансиска полиција

Владата на редовната трета седница го утврди новиот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, и донесе одлука предлог законот да го достави на усвојување до Собранието.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се доуредува класификацијата на работните места во Управата за финансиска полиција, постапката за вработување и постапката за селекција за засновање работен однос, како и другите права и обврски на вработените, односно на овластените лица финансиски полицајци.

Со ново предложените одредби за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се зајакнуваат капацитетите на Управата за финансиска полиција согласно Планот 3-6-9 на Владата во областа борба против организиран криминал и корупција кој предвидува зајакнување на Финансиската полиција и формирање на меѓу институционална рамка со зајакната рамка за спроведување истраги и конфискација на имот на постситематска и функционална основа.

На оваа своја седница Владата ја усвои Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2020 година која ги дефинира потрошувачите кои спаѓаат во оваа категорија. Програмата ги утврдува и мерките за заштита кои се преземаат, мерки за заштеда на електрична енергија и енергетска ефикасност, начините за реализација на мерките, мерките што ги преземаат операторите на системите за дистрибуција на енергија, мерките што ги преземаат снабдувачите со обврска за обезбедување на јавна услуга, односно универзална услуга во снабдувањето со енергија, и потребните средства и извори за финансирање.

Владата денеска го утврди конечниот текст на Предлог-законот за јавниот интерес во културата, кој, откако ќе биде усвоен во Собранието на Северна Македонија, ќе овозможи поотчетно и потранспарентно финансирање на програмите на националните установи во културата и на проектите на другите субјекти во културата.

Со Предлог-законот за јавниот интерес во културата се предлагаат измени на досегашниот начин на објавување на годишните конкурси за финансирање на јавниот интерес во културата, на постапката и на критериумите за одлучување по конкурсите, како и воведување други форми за поддршка на културните активности на единиците на локалната самоуправа и на невладините организации.

Со овој предлог-закон се најавува решавање на прашањата за статусот на вработените во културата да бидат усогласени со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, како една од главните заложби утврдени во Националната стратегија за развој на културата.

Владата на Република Северна Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата во врска со постапката за номинирање на локалитетот Длабока Река во Националниот парк Маврово на Прелиминарната листа на УНЕСКО.

Локалитетот Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово, поседува исклучителни природни вредности преставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со скоро никаква интервенција на човекот во последните 100 години.

Локалитетот Длабока Река се одликува со голема биолошка разновидност со присуство на бројни ендемични растителни и животински видови, кој се наоѓа во зоната за строга заштита на Националниот парк Маврово и во неа се дозволени само научно-истражувачки активности.

На оваа седница Владата даде согласност Министерството за здравство да иницира постапка за набавка на медицинска опрема – ангиограф за потребите на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија Скопје во вкупна вредност од 60.000.000,00, средства планирани во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот во 2020 година, 2021 година и 2022 година.

На денешната седница Владата на Северна Македонија го задолжи Министерството за труд и социјална политика да додели финансиска и друга помош за семејствата чии домови беа уништени во пожарот со трагични последици во Шуто Оризари на 10 јануари. На седницата им е препорачано на Генералниот Секретаријат на Владата и на Министерството за труд и социјална политика да ги разгледаат можностите за обезбедување на живеалишта за опожарените семејства.

Themes
ICO