Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Најновата закана за САД е деменцијата

Покрај стандардниот проблем со Џо Бајден и неговата когнитивна кондиција (на еден скорешен настап, во само неколку минути, повтори една иста приказна, од збор до збор), темата стана актуелна со неколку дементни епизоди на долгогодишните сенатори Мич МекКонел и Дајан Феинстајн, која деновиве почина.

Првиот во неколку јавни настапи „изгуби конекција“ (види: Не ве слушам, стар сум), а 90 годишната Феинстајн беше збунета како воопшто се гласа и не памтеше кога тоа била месец дена отсутна од Капитол.

„Поединци кои поседуваат или поседувале безбедносен сертификат и ракуваат со доверливи материјали може да станат безбедносна закана доколку развијат деменција и несвесно споделуваат владини тајни“, се вели во студијата на корпорацијата РАНД.

Добивањето безбедносни сертификати во САД е предмет на ригорозни и инвазивни процедури за проверка. Аплицирањето може да значи повеќечасовни полиграфски тестови; интервјуа со пријатели, соседи и некогашни учители, автоматско следење на банкарските сметки и слично.

Но, нема проверка за когнитивниот пад поврзан со возраста.