Macedonia
This article was added by the user Anna. TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Нови неволји за поранешниот австриски канцелар: Обвинителството бара укинување на имунитетот на Курц

Обвинителството испратило барање за укинување на пратеничкиот имунитет за да може да продолжи истрагата против доскорешниот австриски канцелар поради обвинувањата за проневери и корупција.

Од пратеничката група на ОВП, чиј шеф е сега Курц, порачаа дека не само што ќе го поддржат тоа барање, туку се радуваат што е толку брзо испратено.

„Со тоа е биде овозможено брзо да се отфрлат сите обвинувања против Курц“, наведе пратеничката група.

Одобрение за продолжување на истрагата веројатно ќе биде дадено на една од следните седници на парламентот, бидејќи Курц во времето кога е обвинет за кривичните дела не бил пратеник, и тие не се поврзани со неговото пратеничко дејствување.