Macedonia

Парите од продажбата на „Карантински приказни“ ќе бидат донирани на Клинички центар Скопје

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Над 200  „карантински“ текстови стигнале на адресата на Издавачки центар ТРИ кој на крајот на март го распиша конкурсот т.е. Пишувачкиот предизвик „Карантински приказни“.

Текстови до ТРИ пратиле голем број љубители на пишаниот збор, но и докажани автори, поттикнати да учествуваат во создавањето антологија од раскази настанати и инспирирани од карантинот.

ТРИ соопшти дека оваа недела „Карантински приказни“ ќе стигнат до читателите во две различни изданија: во печатена форма кое, како што наведува издавачот – ќе биде гласник на хуманоста и во кое се собрани расказите на докажаните авторски имиња: Јагода Михајловска-Георгиева, Винка Саздова, Петар Андоновски, Ѕвездан Георгиевски, Лидија Димковска, Трајче Кацаров, Наташа Сарџоска, Виолета Танчева-Златева и други.

Оваа книга ќе може да се најде на сите продажни места на ТРИ по симболична цена, а целиот износ од продажбата ќе биде дониран за здравствена опрема на Клиничкиот центар во Скопје.

-Така, ТРИ и авторите на свој начин ќе придонесат во борбата со пандемијата и за подобрување на условите во македонското здравство. Одлуката за овој потег произлегува од желбата да се биде солидарен со колективната состојба, преку ваквиот пионерски чекор во издаваштвото, соопшти Издавачки центар ТРИ.

Второто издание од „Карантинските приказни“ е во електронска форма и е достапно бесплатно на апликацијата kniga.mk на Издавачки центар ТРИ. Во ова издание се собрани над 100 авторски текстови од учесниците во предизвикот кои првпат се претставуваат пред читателската публика.

Линкови за преземање на апликацијата:

iOS корисници

Android корисници

Football news:

Barcelona is ready to let Umtiti go. Lazio, Napoli, Roma and Torino are Interested in him
Dembele returned to training on the basis of Barcelona. He hasn't played since November
Milan will buy out Kjaer for 3.5 million euros
22 thousand tests before each match – so Union wants to return a full stadium. One game will cost more than a million euros
Real asked fans not to gather in Madrid to celebrate the championship
Ronaldo will not leave Juventus. He wants to overtake Immobile and Lewandowski on goals and win trophies
Napoli will pay about 81 million euros for Osimhen. Medical check-up is scheduled for Thursday