Претседателот Стево Пендаровски остро реагира на наводите изнесени од денешната прес конференција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со која Орце Ѓеоргиевски праша во која држава министер за внатрешни работи, братот на премиерот и претседателот на државата се фотографираат со криминалци и нарко босови.

Кабинетот на Пендаровски во реакцијата вели дека „Претседателот Пендаровски лично не се познава со лицата од посочената фотографија. Како што може да се види, претседателот не е седнат во друштво на посочените лица, туку е фотографиран стоејќи, на нивно барање“, како и тоа дека Претседателот за време на кампањата за претседателските избори во 2019 година посетил населени места на целата територија на државата, при што се фотографирал со сите граѓани што тоа ќе го побарале од него.

Ваквата реакција од Пендаровски е доволно транспаретна да се обзнани дека Претседателот на државата не се познавал лично со нарко босовите, додека од МВР, Спасовски и Владата тотален молк и никаков одговор за тоа што правеле функционерите на власта на софрите со бегалците кои обвинителката Русковска во моментов ги бара за вршење криминал со дрога.