Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Пешевски: Ветувам дека во иднина ќе гледате ваков Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер загуби од германскиот шампион Кил со 20-23 во мечот од третото коло во Лигата на шампиони. Задоволен од настапот на својата екипа беше и капитенот Жарко Пешевски.

„Овој натпревар треба да ни биде поттик како треба да се однесуваме во иднина. Влеговме максимално мотивирано, знаевме дека екипата мора да проработи. Кил е многу поискусен и тоа беше единствената разлика на теренот. Шеесет минути бевме максимално бодрени и крајно време е да почнеме да победуваме. Макотрпно се работи на тренинзи, се анализира противникот и самите играчи меѓусебно повеќе се разбираат и во иднина ќе биде само подобро. Супер-проитивници ни се ривали во Лигата на шампионите и мора да сме 200% спремни. Ветувам дека во иднина на секој домашен натпревар ќе гледате ваков Еурофарм Пелистер“, ни рече Пешевски.

Следниот домашен натпревар Еурофарм Пелистер го игра за еден месец против Киелце, а претходно ќе гостува во Париз и Загреб.