Macedonia

Петровска: Бирото за јавна безбедност веднаш почна истрага за групата на „Телеграм”

„Во врска со затворена група на ‘Телеграм’ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група. За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци”, напиша Петровска.

Групата за неколку дена веќе стигнала до над 7.300 членови, а во неа може да се пристапи само по претходна покана од пријател, веќе член на групата.