Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Петровска за протераните руски дипломати: Работеле спротивно на дипломатските правила, сакале да се вмешаат во национални интереси

Во врска со неодамнешните информации за протерани тројца руски дипломати од државата, министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тоа се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и сакале, како што рече да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава.

Стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и секој кој ќе се обиде да го попречи тој пат не може да биде пријател на државата, истакна Петровска на прес-конференцијата со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец.

„Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од било какви влијанија вклучително и на вакви злонамерни. Тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси. Следствено на тоа сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање, туку и на другите безбедносно – разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа. Закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале“, порача Петровска.

Петровска појасни дека што се однесува на последното протерување, станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатиските правила, меѓутоа очигледно е како што рече, дека со правилата согласно речникот на безбедносно – разузнавачките служби се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава.

„Нашиот пат, патот на државата не само на оваа Влада, туку на државата во целина е многу јасен и многу пати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој еден кој ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава“, истакна Петровска.