Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ПМФЛ: АП Брера поразена од Македонија ЃП

По извонредниот старт на сезоната со четири победи во првите четири кола, АП Брера Струмица во сериозна резултатска криза сега со пет едноподруго натпревар без трииумф во Првата македонска фудбалска лига.

Во првиот натпревар од 9. коло денеска во Ѓорче Петров, АП Брера загуби со 1-0 на гостувањето против Македонија ЃП.

„Лавовите“ сосема заслужено дојдоа до победата која ја осигураа со гол во првото полувреме.

Контролирајќи ја играта на стадионот во Ѓорче Петров, домашните имаа квалитетно прво полувреме. Најпрво Попзлатанов во 13. минута и Алексовски во 33. минута не реализираа две шанси, а потоа следеше голот во финишот на првиот дел. Водството го донесе Попзлатанов во 44. минута од средбата, по убавата акција по левата страна на Алексовски и Величковски.