Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Почина славниот Дејвид Меккалум

Шкотско-американскиот глумец Дејвид Меккалум, можеби најпознат по улогите на руски шпион во „Шифра ВУЈЧЕ“ (The Man from U.N.C.L.E.) од 1960-тите, и како вештакот од „Нејви“ (NCIS), почина на 90-годишна возраст. Според тамошните медиуми, тој починал од природна смрт.

„Длабоко сме тажни поради смртта на Дејвид Меккалум и чест ни е што ‘Си-би-ес’ беше неговиот дом толку многу години. Дејвид беше надарен глумец и писател, сакан од многумина ширум светот“, објави „Нејви“ на својот интернет-простор вчера.

Роден е во Шкотска, син на двајца музичари, а имаше филмска и ТВ-кариера што траеше цели 70 години – од неговите студентски денови во 50-тите на лондонската Кралска академија за драмска уметност, каде што негова соученичка била и легендарната Џоан Колинс. Зад себе има 131 филмски и ТВ-проект.