На 22.05.2020 во 13:30 часот во Ресен полициски службеници од Полициска станица Ресен го лишиле од слобода У.Р(49) од Ресен бидејќи во 13:10 часот на ул.„Мите Трајчевски“ во Ресен пријавениот му упатувал закани по живот и со метална шипка физички нападнал полициски службеник кој за да го одбие нападот од службено оружје испукал еден куршум во воздух.

За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.