Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Полска најави кандидарура за ЛОИ 2036 година

Полска најави кандидарура за ЛОИ 2036 година

Полска ќе се кандидира за организација на Летни Олимписки игри во 2036 година, најави претседателот на оваа земја, Андржеј Дуда, за кои заинтересирани се  Мексико и Индонезија.

„Сакам ова да го објавам, после консултација со полскиот Олимписки комитет и со министерот за спорт и Владата, наша амбиција и цел е да влеземе во битка за организација на ЛОИ 2036 година“, рече Дуда на прес-конференција во Закопане.

ЛОИ во 2024 година ќе се одржат во Париз, Лос Анџелес ќе биде домаќин на Игрите во 2028, а Бризбејн на тие во 2032 година.