Macedonia

Поведена постапка за две лица кај кои беa пронајдени 47,7 килограми марихуана

Осомничените на 18 јули неовластено пренесувале 47,745 килограми  марихуана спакувана во 48 пакувања и 49,68 грама кокаин. Дрогата ја ставиле во возило „форд Ц  макс“  кое било управувано од  53 годишниот осомничен стружанец. Пред него, на растојание од 200 метри, во возило „фиат пунто“ се движел второосомничениот 31-годишен негов сограѓанин. Тие движејќи се од Свети Наум кон Охрид, биле во постојана телефонска комуникација, со цел  осомничениот во првото возило да го извести соизвршителот доколку има полиција на патот. Ваква дојава била направена кога првиот бил сопрен од полицијата. По веста за полициската патрола осомничениот во второто возило почнал да бега во пределот на месноста Рача, но бил сопрен и приведен од полициските службеници.

Со цел обезбедување на  натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.

Football news:

Кад Cadiz returned to La Liga after 14 years
Pioli about 2:2 with Napoli: One point is a good result
Gattuso on Milan's penalty: the Rule needs to change. Jumping with your hands behind your back is another sport
Milan will offer 25 million euros for Celtic defender Ayer
Klopp on plans: Four years at Liverpool. After that, I want to do nothing for a year
Rogers Pro 1:4 with Bournemouth: Leicester play well only 45 minutes after the break
Inter and Roma are Interested in Garay