Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Познат е датумот на борбата помеѓу Усик и Фјури

Борбата ќе се одржи во Саудиска Арабија. Датумот се уште не е одреден, но има две опции – Фјури и Усик ќе се борат или на 23 декември или некаде во јануари следната година.

Победникот од мечот меѓу Фјури и Усик ќе стане првиот човек кој ги обединил сите титули во тешка категорија по Ленокс Луис, кој го направи тоа со победата против Евандер Холифилд во 1999 година. Така за прв пат во 21 век ќе го имаме првиот апсолутен шампион во тешка категорија.

Британецот Фјури моментално го има шампионскиот појас на ВБЦ, а последен пат го одбрани во декември минатата година, кога го совлада Дерек Чисора. Пред борбата со Усик на 28 октомври ќе има меч со поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану на кој нема да го брани појасот.

Украинецот Усик ја држи титулата во тешка категорија според ВБА, ИБФ, ВБО, ИБО и Ринг. Тој го одбрани во август годинава против Даниел Дубоа.