Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски поднесоа амандман каде зголемувањето на блок дотациите за пожарникарите ќе биде под капата на државата

Пратеникот Бојан Стојаноски во негова изјава рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиевски придружен градоначалникот на Велес, Марко Колев и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов денеска се обврзаа да се поднесе амандман каде општините од аспект на плаќање пожарникарите би бил од капата на државата, од аспект на зголемувањето на блок дотациите.

-Денеска на маил примивме иницијатива од претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски каде се побара сите пратенички групи каде во моментот се расправа одлука за прераспределба на средства помеѓу централните институции и фондовите да се обезбедат дополнителни средства со што сега товарот кој сега го имаат општините од аспект на плаќање пожарникарите би бил од капата на државата од аспект на зголемувањето на блок дотациите. Сакам да ве информирам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија денеска го повика претседателот на ЗЕЛС кој што дојде во придружба на градоначалникот на Велес, Марко Колев и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов и се обврза да поднесе амандман со што овие средства ќе бидат дополнително обезбедени, истакна Стојаноски.

Стојаноски во текот на својата изјава укажа дека министерот за финансии, Фатмир Бесими се обврзал дека овие средства ќе бидат обезбедени.

-Во текот на денот, во 16 часот имавме средба во Парламентот каде присуствуваа делегацијата од ЗЕЛС и министерот за финансии, Фатмир Бесими на кој што се обврза дека тие средства ќе бидат обезбедени. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе амандман кој беше прифатен од мнозинството и овие средства ќе бидат обезбедени до крајот на годината, со што значи општините и единиците на локалната самоуправа ќе добијат дополнителен простор од аспект на сопствените буџети, овие средства кои нема да ги даваат на плати на пожарникарите бидејќи државата ќе ги обезбеди, ќе можат да ги реализираат од аспект на проекти и од инфраструктурата, рече Стојаноски.

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во својата изјава кажа дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска излегоа во пресрет да се реши еден децениски проблем на општините.

-Ова утро како претседател на ЗЕЛС, нашата асоцијација поднесе амандман односно барање до сите пратенички групи во Собрание, и сакам да се заблагодарам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата што излегуваат во пресрет не само на ЗЕЛС туку и на сите општини практично во Македонија со обезбедување на овие 60 милиони денари кои и те како ќе значат за општините. Ние имаме илјадници нерешени прашања во минатото, но ова е една помала битка би рекол која што ја добивме како ЗЕЛС после долги години функционирање како ЗЕЛС како асоцијација на сите општини. Како што спомена Стојноски, ние денеска успеавме заеднички да издејствуваме да бидат обезбедени 30 милиони денари од една страна кои што ќе бидат употребени од страна на општините за покачувањата на платите од една страна и регресот до крајот на годината за преостанатите три месеци и дополнително уште 30 милиони, значи вкупно 60 милиони денари. Останатите 30 милиони денари би се употребиле и министерот даде согласност и ветување дека во наредниот период од десетина дена ќе потпише согласности кои со години чекаат за вработување во противпожарните едници секаде низ Македонија, кажа Ѓорѓиевски.

Ѓоргиевски потенцираше дека тие како ЗЕЛС барале средба и со премиерот Ковачевски но и со министерството за одбрана но владата не нашла време да ги прима и да се разговара за овој проблем.

– На жалост изминатиов период Владата е апсолутно глува на сите наши барања. Ние баравме неколку пати баравме и средба со премиерот, но не најде време да не прими и да поразговараме меѓу другите теми и ова беше од важни теми. Исто така баравме и средба со министерката за одбрана која што е ресорен министер поврзан со овие проблеми. Во тие услови кога сите се практично глуви драго ни е што конечно некој има слух за проблемите на општините и се надевам дека уште многу горливи проблеми кои не мачат, во наредниот период ќе изнаоѓаме начин и вакви решенија за да можеме да ги надминуваме, порача Ѓорѓиевски.