Macedonia

Расте нивото на вода во акумулациите Липково и Глажња

Од: А1он

Врнежите од снег и дожд во липковскиот регион го зголемија количеството на вода во акумулациите Липково и Глажња, информираа денеска надлежните од водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Според последните мерења, во двете акумулации има околу 13 милиони кубни метри вода.

-Во изминатиов период имавме посериозни врнежи од дожд и снег што доведе до покачување на нивото на браните Глажња и Липково. Моментално состојба на вода изнесува 13.000.000, додека слободен капацитет изнесува уште 9.000.000 милиони метри кубни. Радува фактот дека е зголемен водостојот на реките Думановска и Гошинска, односно дотурот на вода во браните. Очекуваме да ја почнеме сезоната на 15 мај со минимум количини од 15.000.000 метри кубни вода-изјави директорот на подружницата, Оливер Илиевски.

Инаку, вкупниот капацитет на двете брани е 24 милиони кубни метри вода. Во јануари, според податоците на претпријатието имаше околу седум милиони кубни метри вода, поради недостиг на врнежи. Подоцна во февруари почна благо зголемување на количините на вода поради топење на снегот. И денешните врнежи од снег поволно ќе влијаат врз зголемување на количините на вода во двете акумулации.

Football news:

Real and Arsenal joined the fight for Havertz. Bayer will not sell it for less than 80 million euros
Wife of Ukrainian football player Morozyuk: It's a lie that men are polygamous and women are not. This society imposes
Kylian Mbappe: Winning the Champions League with PSG is something special. Personal awards will be a bonus
Lothar Matteus: flick is a bit like Heynckes and Hitzfeld. He can work with the stars
The President of Rennes expects Kalavinka will not go away in the summer. The midfielder wants to buy real
Agent Musacchio: MATEO is happy in Milan. We want a new contract offer
Athletes are outraged by the death of African-American George Floyd