Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Роналдо е опседнат со Меси: Има само една амбиција, да се пензионира со повеќе „Златни топки“

Во понеделник ќе биде доделена „Златната топка“, признание за најдобриот фудбалер изминатава сезона. Неодамна се шпекулираше дека Роберт Левандовски ќе ја добие оваа престижна индивидуална награда, но во последно време се говори дека Полјакот ќе остане разочаран, и не само што нема да биде победник, ќе заврши како трет во изборт, зад Карим Бензема и Лео Меси.

Паскал Фере е еден од малкумината кои знаат во чиви раце ќе заврши „Златната топка“, во разговор со Њујорк Тајмс откри дека постојано добива повици и луѓе го прашуваат за гласините кои кружат.

„Веќе шеста година како сум одговорен за „Златната топка“ и до сега немам направено ниту една грешка. Не сакам да лажам, на сите кои ми се јавуваат им кажувам дека не можам да го откријам името на победникот. Многу сум внимателен, идентитетот на победникот е голема тајна“  - вели главниот уредник на Франс Фудбал.

Паскал Фере потоа раскажа интересна приказна поврзана со Кристијано Роналдо и Лео Меси, двајцата најдобри фудбалери на денешницата.

„Роналдо има само една амбиција, да се пензионира со повеќе „Златни топки“ од Лео Меси. Самиот ми го кажа ова“.

Тој потоа октри како реагирал Лука Модриќ кога дознал дека ја прекинува доминацијата на Роналдо и Меси.

„Лука плачеше како мало дете кога му се јавив“.