Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СЕ СТОПИ КАКО НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОРОДИЛА: Антониа никогаш не изгледала пожешко, ја крена маичката, а на стомакот ниту трага од операцијата! (ФОТО)

За тазе мајка за првпат, првите месеци месеци со бебето и постпородилните денови не се нималку лесни.

Тоа го потврди и пејачката Антониа Гиговска која неодамна во интервју за Вистина проговори за првите месеци како мајка.

– Ни беше тешко и напорно првите три недели додека се привикнеме на ритамот на Киан и тоа неспиење затоа што претходно бевме некои кои што легнуваа во пет, а сега сме тие што стануваат во пет часот наутро. За среќа Киан е спанко, па станува еднаш или двапати во текот на ноќта.

Особено се тешки првите денови за мајките породени со царски рез, што мораше да го има и таа, а закрепнувањето не оди нималку лесно.

Оние мајки кои го искусиле овој тип на породување, многу добро знаат како стојат нештата.

Тешко е и со враќањето на стомакот, бидејќи нели, станува збор за опеација. Поминаа два ипол месеци откако бебето Киан дојде на свет, а мама Антониа се топи во убавини.

Дека ужива и е задоволна со себе, покажува и нејзиното најново „стори“ каде стегната во тексас шорц и бела топ маичка, сакаше да се пофали дека е вратена во посакуваната форма. Рамен стомак, тенко струкче и облека во која месеци наназад сакаше да влезе.

Релативно брзо по операција, Тониа се враќа и е жешка мамасита како што неодамна ја нарекоа фановите.

Самата кажа дека од постпартум периодот останала со пет килограми вишок, со кои очигледно се збогувала.Гиговска се врати на старо темпо, а како што ни изјави нам, за камбек нема да се чека уште многу.

-Се’ е одприлика спремно, па во многу скоро време ќе го најавам моето враќање на сцената, кажа Антониа.

Очигледно и повеќе од спремно, па оттука очекувано е Тониа да се врати во полн сјај.