Macedonia

Шекеринска: Зачленувањето во НАТО е наш подарок кон граѓаните, кон татковината

Вработените во одбраната и Армијата на Република Македонија се дел од генерацијата која го удри печатот на НАТО.  Од денес сме сојузници со армиите на САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија, сојузници со армиите на нашите поблиски и подалечни соседи, Грција, Албанија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

Ова денеска преку видео – порака до сите припадници на Армијата и на вработените во Министерството за одбрана, им го порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод депонирањето на Инструментот за пристапување во НАТО во Вашингтон, со што и официјално нашата земја станува 30. полноправна членка на Алијансата.

-Денес сме победници, од денес сме НАТО. Членка на најмоќниот сојуз, на најбројната Алијанса. Зачленувањето во НАТО е наш подарок кон граѓаните, кон татковината, истакна Шекеринска.

Обраќајќи им се на сите старешините и цивилите во Армијата, но особено на војниците кои деновиве се на терен извршувајќи задачи во поддршка на граѓаните и заштитата на нивното здравје им порача дека верува во нив и нивните капацитети и дека нема сомнеж дека сите предизвици, сите задачи ќе бидат совладани.

Football news:

Lionel Messi: the news about the postponement of the America's Cup has hurt A lot. It would be a big event for me
Artur informed Barca and Juve that he would not move anywhere
The Senate rejected the proposal on the restart of Ligue 1. Now it can be achieved only through the court
The clubs of the Premier League unanimously supported the resumption of contact training
Lionel Messi: someone will say that character is 40, 50 or even 60% of football. This was taken more seriously
Borussia bosses have been in contact with Niko Kovac in recent months
The President of Lyon is desperately fighting for the restart of the season. Calls the League 1 bosses idiots, sent a letter to the government