Macedonia

Шест причини зошто треба да јадете цреши секој ден

Освен што се вкусни и сочни, црешите исто така се и многу здраво овошје кое треба секојдневно да го јадете. Одвоивме шест добри причини поради кои црешите се незаменливи.

Сега е сезона на цреши и вишни, па искористете ги овие овошки за секојдневна консумација.

1. Црешите се богати со антиоксиданси

Дваесет цреши ќе задоволат 15% од дневните потреби за витамин Ц. Богати се со антиоксиданси и соединенија кои имаат антивоспалителни својства, па штитат од бројни хронични болести, меѓу кои и дијабетесот. Црешите имаат низок гликемиски индекс за разлика од другите овошки, тоа значи дека кога јадете цреши не доаѓа до брз скок на шеќер во крвта.

2. Можат да ја ублажат болката што се јавува како последица на артритис

Неколку истражувања покажале дека црешите ги олеснуваат симптомите кај луѓето кои страдаат од артритис. Ако страдате од оваа болест треба да ја искористите сезоната на цреши и да ги јадете секој ден.

3. Го регулираат холестеролот

Црешите можат да го намалат вкупното ниво на холестерол во крвта, снижувајќи го нивото на „лошиот“ LDL холестерол. Ова е важно бидејќи секој процент на холестерол го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 2 проценти.

4. Ја ублажуваат болката од воспаление на мускулите

Црешите се совршена ужина по интензивен тренинг, им помагаат на мускулите побрзо да закрепнат и ги ублажуваат воспалителните процеси.

5. Ги чистат бубрезите и добри се за здрав уринарен тракт

Црешите ги чистат бубрезите и мочните канали, одличен диуретик се и го стимулираат излачувањето на урина.

6. Го намалуваат ризикот од гихт

Гихтот е облик на воспалителен артритис кој се развива кај некои луѓе кои имаат високо ниво на мочна киселина во крвта. Оваа киселина може да формира кристали во зглобовите и да предизвика ненадејни тешки епизодни на болка, чувствителност, црвенило, топлина и отоци. Научно е докажано дека консумирањето цреши по два дена за 35% го намалува ризикот од напади кај луѓето кои страдаат од гихт.

Football news:

Aston Villa coach on Manchester United penalty: A shameful decision
Paul Pogba: Winning the Europa League and the FA Cup are two of Manchester United's goals for this season
Manchester United's first ever Premier League win 4 consecutive games with a difference at least 3 goals
Brunu has scored 7 (4+3) points in his last 3 games for Manchester United
UEFA postponed the introduction of var in the group stage of the Europa League until the 2021/22 season
Mourinho on the match with Bournemouth: Everyone knows that there was a penalty in favor of Tottenham. Everything
Pogba scored for Manchester United for the first time in the season