Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Шкендија лесно дојде до трите бода против Скопје

Денеска се играше одложениот меч од првото коло во Првата македонска лига помеѓу Шкендија и Скопје, победија домаќините со 2-0, а гостите уште во првото полувреме останаа со двајца играчи помалку. По само шест минути игра резултатот беше отворен. Бразилецот Вагнер шутираше од слободен удар, топката се одби од живиот ѕид и заврши во мрежата на Скопје за водство на Шкендија од 1-0.

Потоа следуваа две исклучувања за Скопје. Најпрво Гордијан Христовски доби директен црвен картон во 33. минута, а потоа Христијан Кировски за две минути успеа да добие два жолти и тој да биде исклучен од игра. Првиот жолт му беше за приговор, вториот за опасен старт.

Победата за Шкендија ја запечати Сабит Билали во 62. минута поставувајќи ги конечните 2-0. Шкендија има четири бода од две одиграни кола во новата сезона.