Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Што носи Новак на раката? „Жолтата магија“ на тенисерот го привлече вниманието – постојат само 250 примероци на светот и вредат вистинско богатство

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа на Рајдер купот во Рим, каде покажува пред целиот свет дека знае да се снајде и со голф палка во рацете.

Ѓоковиќ остави одличен впечаток на голф теренот, а кратко пред овој спектакл во престолнината на Италија тој даде интервју за организацијата „PTPA“ во кое зборуваше за намерата и желбата да им помогне на послабо рангираните тенисери и тенисерки.

This is the bottom line. @DjokerNole pic.twitter.com/vXTCbE4zo5

— Professional Tennis Players Association (@ptpaplayers) September 26, 2023

Детаљот кој на многумина им „падна во очи“ на ова интервју е часовникот кој славниот Србин го носел на својата рака. Ѓоковиќ е познат по соработката со швајцарскиот бренд „Hublot“ и често ги менува часовниците, а последниот кој го носел е навистина спектакуларен.

Станува збор за моделот „Big Bang Unico Yellow Magic“ кој е произведен во само 250 примероци и вреди 28.300 долари.

Часовникот се карактеризира со куќиште од 42 милиметри, рамката е изработена од жолта керамика и поради својата специфична боја, но и самото име, во светот е познат како „жолта магија“.