Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Силувач во Хрватска доби мала казна затвор само затоа што е учесник во Татковинската војна

Од: А1он

Жупанискиот суд во Загреб осуди на две и пол години затвор 54-годишен маж од Загреб, откако беше утврдено дека сторил тешко кривично дело против сексуалната слобода на штета на возрасна поќерка, односно сексуален чин еквивалентен на силување. Иако за тоа дело е пропишана затворска казна од минимум пет до 15 години, судот поради „посебни олеснителни околности“ му изрече казна под минималната, пишува „Слободна Далмација“.

Мажот е осуден затоа што во втората половина на март 2022 година, во утринските часови на адресата во просториите на семејниот дом, каде што живеел во заедничко домаќинство со својата сопруга и нејзината ќерка, влегол во просторијата каде што била неговата поќерка и ја злоставувал.

Како што стои во пресудата, таа постојано му велела да се тргне од неа, туркајќи го со раката, врескала…Оштетената го пријавила делото речиси еден месец по извршеното дело, што, според судот, укажува дека се плашела, како што и самата сведочела. Таа во моментот на злосторството имала 20 години.

– Како олеснителна околност се цени дека обвинетиот бил учесник во Татковинската војна како припадник на специјалната полиција со тоа што учествувал во истата од 1991 до 1995 година. Осудениот е носител на Спомен-обележје на Татковинската војна и медал „Бура“. Имајќи предвид дека обвинетиот има 54 години и дека нема друго казниво однесување, судот смета дека е соодветна затворска казна од две години и шест месеци – наведуваат од судот.