Macedonia

СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Надлежностите од двете постојни јавни обвинителства преминуваат во новоформираното јавно обвинителство, кое продолжува да ги води започнатите постапки во фазата во која се преземени. Воедно, се обезбедува континуитет во функционирањето: обвинителите и истражителите кои работеле досега, ќе продолжат да ја вршат својата работа во ова обвинителство, соопштува Министерството за правда.

Според предлог-законот јавното обвинителство за гонење криминал и висока корупција ќе биде надлежно за најсложените форми на организиран криминал и висока корупција, позната како корупција на белите јаки. Така се дефинирани и неговите надлежности како здружување од надлежностите на двете постојни јавни обвинителства.

Клучната гаранција е финансиската независност која претставува основниот столб и предуслов за независност на секоја институција, па и на јавното обвинителство.

Буџетот за работа на ова јавно обвинителство го предлага шефот на ова јавно обвинителство, се доставува до Јавниот обвинител на РСМ и до Министерството за финансии. Овој предлог, шефот на обвинителството го изготвува земајќи го предвид буџетот за претходната година во консултација со јавниот обвинител.

Владата и Собранието не можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да ја обезбедат финансиски средства за непречена работа. Ова обвинителство ќе може да поднесе и дополнителни барања за финансирање за зголемени активности на работа.

Платата на шефот на ова јавно обвинителство се утврдува на износ од 5 отсто помала плата од јавниот обвинител на државата, а платата на Јавните обвинители во ова обвинителство е во висина на плата на шеф на раководител на вишо јавно обвинителство.

Се предлагаат и додатоци на јавните обвинители за посебните услови за работа за постоење на висок ризик и за доверливост, како и за додатоци на плата за истражители, како едно од најзначајните алки за успешно спроведување на кривичните постапки.

Со законот е зајакната и личната независност на јавните обвинители и предвидена е гаранција согласно која јавните обвинители од ова јавно обвинителство не може да бидат времено упатувани да вршат јавнообвинителска функција во други јавни обвинителства.

Јавниот обвинител, без согласност од јавниот обвинител на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, не може да преземе кривично гонење или вршење одредени работи за кои е надлежно ова обвинителство, ниту пак да овласти друго јавно обвинителство да води постапки за предмети за кои е надлежно ова јавно обвинителство.

Од ова правило, постои само еден исклучок, а тоа е доколку при надзорот се утврди дека јавнообвинителската функција не се врши согласно роковите утврдени со Законот за кривичната постапка.

Значајна гаранција во постапувањето на новото јавно обвинителство е одредбата со која јавниот обвинител самостојно ќе бара меѓународна правна помош и соработка за прашања што се од негова надлежност, а не постапката да се води преку повисокото обвинителство.

Јавниот обвинител на ова обвинителство ќе дава предлог за бројот на јавните обвинители во ова обвинителство, и тоа во зависност од потребите, сложеноста и обемот на работа. Секако, крајната одлука за ова ја донесува Советот на јавните обвинители.

Имајќи ја предвид сложеноста на работите коишто ги врши ова обвинителство, предвидени се гаранции за раководителот на обвинителството, по завршувањето на неговиот мандат.

Гаранции во законот се предвидени и во однос на постапката за разрешување на јавниот обвинител на ова јавно обвинителство за да се избегнат сите можни влијанија во неговата работа. Првиот човек на ова јавно обвинителство може да се разреши единствено со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Советот на јавните обвинители.

Министерството за правда смета дека овој предлог-закон би требало да почне да се применува на 15 септември.

Преодните одредби во овој закон ги решаваат и прашањата за постојните избрани јавни обвинители. Шефот и јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција продолжуваат да ја вршат својата функција во новоформираното јавно обвинителство, до завршување на маднатот. И јавните обвинители во постојното СЈО продолжуваат да ја вршат својата функција како јавни обвинители во новоформираното јавно обвинителство.

Постојните вработени и истражители во постојните обвинителства преминуваат во новоформираното обвинителство, како и архивата, материјалните средства и опремата.

Министерството за правда го испрати овој закон во владина процедура и се очекува собраниската процедура да почне веќе наредната недела.

Football news:

Goalie of the banner of Labor, who was hit by lightning: everything is good at the moment. Back soon
Ole Gunnar Solskjaer: I Think it was a penalty against Aston Villa
Philadelphia played in t-shirts with the names of black people who died at the hands of the police
Kompany tries everything at Anderlecht: he coached without a license (terrible), played 15 matches and invested 3 million euros in the club
Aston Villa coach on Manchester United penalty: A shameful decision
Paul Pogba: Winning the Europa League and the FA Cup are two of Manchester United's goals for this season
Manchester United's first ever Premier League win 4 consecutive games with a difference at least 3 goals