Macedonia

Скопје е жариште на коронавирусот со 1.507 активни случаи

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Од регистрираните нови 182 случаи со COVID-19 во државава, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, 107 се од Скопје, со што вкупниот број заболени во градот достигна 2.243, а активни се 1.507 случаи.

Тоа значи дека Скопје уште е жариште на пандемијата со коронавирус во земјава.

Најголем број активни случаи и натаму има во општината Чаир – 336 што е за 30 повеќе од вчера, потоа следат Гази Баба – 128 (+14), Аеродром – 125 (+6), Центар – 121 (+7), Бутел – 118 (+12), Сарај – 105 (+10), Карпош – 103 (+3)…

Активни случаи има и во Кисела Вода – 80 (+9), Ѓорче Петров – 62 (+5), Студеничани – 71 (+9), Шуто Оризари – 51 (+5),   Арачиново – 38 (+5), Илинден – 24 (+4), Петровец – 12, Чучер Сандево – 8 (+1), Сопиште – 12 (+1), Зелениково – 1, тројца се странци, а четворица се нераспределени.

Football news:

If you whistle one violation, whistle another. VAR rules football! Athletic midfielder Dani Garcia on the match with Real Madrid
Lautaro did not score a penalty in the match against Bologna
CEO of the banner of Labor about a player who was hit by lightning: he was put in an artificial coma. Most likely, it will be taken out in the evening
Real goes into the gap under the talk of refereeing. In similar moments, Madrid were given a penalty, but Athletic were not
Sergio Ramos: I would Play tennis if I wanted personal recognition. It is very nice to win with the team
Lukaku scored 20 goals for Inter in the first 30 rounds of Serie A and repeated the achievement of Ronaldo, Meazza and Niersch
Marcelo scored the 350th victory in the composition of the real world