Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Смути со протеини од боровинки и банани – идеален пијалок за обновување на мускулите после вежбање

Богат е со хранливи материи, а воедно е и многу вкусен.

Ова е секако едно од највкусните смути кои освен што се полни со скапоцени хранливи материи,помагаат и за слабеење.Само една шолја боровинки обезбедува 25 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц, а ја содржи можеби најголемата количина на антиоксиданси меѓу овошјето и зеленчукот воопшто.

Покрај тоа,тој е богат со влакна кои помагаат подолго да се чувствувате сити и на тој начин придонесуваат за слабеење.Богати се и со калиум, исто како и бананите.Ова смути е вистинска протеинска бомба и е идеален и за почеток на денот и како напиток за обновување на мускулите после вежбање.

СОСТОЈКИ ЗА 2 ЧАШИ:

1 чаша боровинки (замрзнати или свежи)
2 зрели банани (меки и слатки)
1 чаша вода
1 лажичка екстракт од ванила
100 гр свежо кравјо сирење со малку маснотии
2 лажици чиа семе
1 лажичка рендана кора од лимон
ПОДГОТОВКА:

Сите состојки ставете ги во блендер.
Мешајте додека не добиете еднолична кремаста смеса.
Истурете во чаши, украсете со неколку боровинки и уживајте!