Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Српскиот министер за одбрана на состанок во „регионот на распоредување на дел од единиците“

Министерот за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на Војската на Србија (ВС) Милан Мојсиловиќ, пристигнаа во областа каде се распоредени дел од единиците на ВС, каде што ќе одржат состанок за актуелната безбедносна состојба, соопшти денеска Министерството за одбрана, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението не е прецизирано за кој регион се работи.

Вучевиќ претходно денеска изјави дека КФОР „стоел на страна и им дозволи“ на припадниците на косовската полиција по вооружениот конфликт во селото Бањска на северот на Косово да „продолжат да ја ловат“ групата вооружени Срби.

Во конфликтот во тоа село во неделата загинаа најмалку тројца Срби од северот на Косово и еден припадник на косовската полиција.