Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Таткото на Ѓоковиќ: Новак по овие уцени најверојатно нема да игра на Австралија Опен

Само вакцинирани тенисери ќе може да настапат на првиот Грен слем годинава во Австралија.

„Во моментов 85 отсто од машките и женските тенисери се вакцинирани. До јануари очекуваме 90 до 95 отсто од нив да бидат вакцинирани, бидејќи ако не сте вакцинирани, нема да можете да играте“, изјави Крег Тајли, директор на Австралија Опен.

Новак Ѓоковиќ би требало да ја брка 10-тата титула во Австралија, но неговиот настап е под знак прашалник бидејќи српскиот тенисер сѐ уште не открил дали е вакциниран или планира да го направи тоа. Доколку не настапи, нема да има шанси на стартот на следната година да им побегне на Роџер Федерер и Рафаел Надал по бројот на освоени Грен слемови. Засега сите тројца имаат по 20.

„Што се однесува до вакцинирање и невакцинирање, лично право на секој од нас е да одлучи дали ќе се вакцинира. Никој нема право да влезе во нашата интимност, со Устав имаме право да одлучуваме секој за своето здравје. Дали Новак е вакциниран е негово право и интима Дали ќе го обзнани тоа? Мислам дека нема. Ни јас не ја знам таа одлука. Тој има право да одлучува како сака“, изјави таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ.

„Непријатни се изјавите на водачите на австралиските провинции кои го прозиваат освојувачот на девет Австралија опен титули. Дали тој ќе се појави таму зависи од нив, од тоа како ќе се постават. Тој би го сакал тоа со сето свое срце, а и ние би сакале. Под овие уцени и услови, веројатно нема. Јас не би го направил тоа. А тој е мој син, па вие сами донесете заклучок...“

Срѓан Ѓоковиќ го прозва и првиот човек на Австралија Опен.

„Кои се тие признати вакцини, господине Крег? Не е признаена руската? Според нашите критериуми, се признаваат само руската и кинеската. Признајте ги и вие тие вакцини.“