Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Традиционалниот Охридски пливачки маратон нема да се одржи поради блокирана сметка

Охридскиот маратон кој важи за една од најважните спортски манифестации во Македонија со 60-годишна традиција, оваа година нема да се одржи поради блокирана сметка.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ја потврдија средбата со претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски и соопштија дека маратон нема да има.

„На средбата се разговараше за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата. Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство“, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот Пендаровски.

Проблемите за кои зборувал Стојановски се однесуваат на долгогодишната битка во македонското пливање во која од другата страна беше Александар Маленко. 

Минатата година се одржа јубилејниот 50ти Охридски пливачки маратон. Во 2020 немаше маратон поради пандемијата на ковид-19, претходно маратонот се одржуваше 28 години по ред.