Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Трагедија во Грција: Ана ја уби машина за мелење месо

Од: А1он

Месарка во Грција загина кога падна во машина за мелење месо. Несреќа се случила во петокот вечерта. Несреќната Албанка, Ана Н. на возраст од околу 50 години отишла да ја исчисти машината за сечење месо кога, како што се верува, косата и се заплеткала во машината, а потоа настрадала.

Трагедијата наводно се случила пред очите на ќерката на жртвата, која почнала да вреска. Мајка и ќерка наводно заедно ја чистеле месарницата, пишува „Прототема“.

Полицијата, брзата помош и противпожарната служба излегле на местото на настанот за да го извлечат телото на жената.

Ана последните две години живееше во Месолонги со две деца, ќерка и 10-годишен син. Таа дојде од Албанија откако се разведе од сопругот.

-Таа беше многу добра жена, работеше од утро до вечер за да врзе крај со крај – вели човек кој ја познавал и живеел во истото соседство.