Macedonia

Трамп ги предупреди граѓаните: Следните две недели ќе бидат многу тешки (ВИДЕО)

„Ќе минеме две многу тешки недели. Тоа се две многу, многу болни недели“, кажа Трамп на прес-конференција за новинарите во Белата куќа повикувајќи го секој Американец да биде спремен за тешките денови кои следат.

Универзитетот Џонс Хопкинс, чии податоци се сметаат за референтни, денес пријави дека бројот на умрените од коронавирусот во САД надминал 4.000, а тој се удвои за само три дена.

Вкупно 4.076 луѓе умреа од компликации од болеста ковид-19 до денес во однос на 2.010 во саботата, соопшти Универзитетот.

Бројот на умрените постојано расте, особено во Њујорк, епицентарот на епидемијата во САД.

Белата куќа проценува дека „од болеста ќе умрат меѓу 100.000 и 240.000 луѓе ако се почитуваат сегашните рестриктивни мерки, а меѓу 1,5 и 2,2 милиони ако нема никакви мерки“.

Врз основа на тие проекции експертите на американскиот кризен штаб замолија да продолжат мерките на делумна или целосна изолација уште 30 дена, како што во неделата објави Трамп, уверувајќи дека тие ќе имаат позитивен ефект.

„Нема волшебна вакцина или терапија, само е прашање на донесувањето“, изјави д-р Дебора Биркс, која е координаторка на американскиот тим за борба против вирусот.

Д-р Ентони Фаучи, еден од главните советници на Трамп за пандемијата, кажа дека податоците од Њујорк не реба да обесхрабрат бидејќи мерките за зауздување на ширењето на заразата дејствуваат и ќе дејствуваат.

Football news:

They immediately told me to learn German. For communicating in English-a fine. Interview with the Russian captain from the second Bundesliga
Napoli would prefer to sign Bruges midfielder Bonaventure, not the striker of Lille Osimana
Agent Hakimi: Ashraf's Goal is to play for real
PSG goalkeeper Bulka crashed a Lamborghini in an accident in Poland. Two people were injured
Nice joined the fight for defender Olympiakos Tsimikas. Loco is Interested in Him
Lacazette has rejected the offer of Inter. He can be traded to Atletico for Lemar
Former CSKA chief scout: 99% of a scout's work is wasted. This is a specific feature