Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Тренчевска: Родовото одговорно буџетирање е моја мисија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со своето обраќање го отвори состанокот на работната група за економско зајакнување на жените во Западен Балкан, која е во организација на UNDP и Friends of Europe. Целта на работната група е да ги идентификува предизвиците на жените во делот на подобро економско зајакнување во Западен Балкан. Овој е четврти по ред состанок е организиран во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

„Родовото одговорно буџетирање е тема на која што посветено работам уште од 2007ма година. Во тоа време овој концепт беше целосно непознат за нашето општествено опкружување, затоа имаше потреба добрите практики да ги преземеме од другите земји и со посветена работа да ги вметнеме или наметнеме на нашата политичка сцена за да се постигне некаков напредок по ова прашање“ истакна министерката Тренчевска.

Министерката се задржа и на достигнувањето на државата во однос на прашањето за родово одговорно буџетирање во делот на стратешката и законската рамка. Таа посочи на носењето на првата Стратегија за родово одговорно буџетирање во 2012 година и истакна дека Министерството за финансии за првпат ги измени буџетските инструкции за 2013 и 2014 година со кој се задолжуваат три министерства и Агенцијата за вработување на Република Северна  Македонија, за избор на програма за родова анализа и развивање на релевантни родови индикатори за следење на влијанието на програмите врз жените и мажите.

Тренчевска направи споредба на општественото поставување кога е започната нејзината борба за РОБ и моменталната општествена ситуација.

„Општественото окружување кога почнав да работам на оваа тема и денес од перспектива од она што навистина го достигнавме како активисти и функционери е многу поинаква. Горда сум на фактот што го отворивме Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање во март минатата година. Има уште две вакви во светот. Третиот е формиран од нашето министерство и ќе се залагаме во периодот кој што следи да прерасне во регионален центар“ рече министерката.

Таа истакна дека целта на отворањето на овој центар е зајакнување на капацитетите на администрацијата во делот на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање.

Министерката на крајот од своето обраќање им посака на работната група плодна дискусија и посочи дека со нетрпение ќе ги очекува заклучоците кои со сигурност ќе придонесат кон унапредување на прашањето за родово одговорно буџетирање.