Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ЦУК: Вчера 33 пожари на отворено, три се уште активни

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 33 пожари во 23 општини, од коишто 30 се изгаснати.

Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови (некаде заеднички – здружени од повеќе општини) изгаснале 30 пожари до утрово, а три се уште се евидентираат како активни.

Карактеристично, за вчерашните пожари, е што до пладне немало пријавено пожари – нивното појавување почнало од 13.15 часот. Тогаш наеднаш се пријавени три пожари: два во Скопско и еден во Струмичко, а поголемите пожари почнале на крајот на денот и доцна во ноќта. Последниот бил пријавен во 23.20 часот – пожар над с.Новоселани во правец кон с.Лепопелци во Општина Чешиново-Облешево.

-При вчерашните пожари горела сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, а и прагови на железничка пруга. Конкретно, при пожарот што започнал околу 14:30 часот и се уште е активен, кај с.Слепче во Општина Долнени била зафатена ниска вегетација, грмушки и дел од праговите на железничката пруга. Заради опожарување на железничките прагови, а и заради работа за промена на истите, железничкиот сообраќај Скопје – Битола – Скопје, не се одвива. Покрај овој пожар кај с. Слепче, активни се уште два, во: Општина Прилеп, кај с.Алинци, каде што горела сува трева и ниска вегетација и во Општина Сарај, кај с.Радуша при што прво горела депонија, а потоа пожарот се раширил во околната вегетација и во Општина Долнени, кај с.Слепче, каде што гореле сува трева, грмушки и железнички прагови. Заради опожарување на железничките прагови, односно поради промена на истите, железничкиот сообраќај Скопје – Битола – Скопје, не се одвива, информира ЦУК.

Утринава во 06.50 часот има пријава за пожар кај Градец каде гори сува трева и борова шума. На терен се  пожарникарите од Територјалната противпожарна единица ТППЕ Крива Паланка.

ЦУК апелира до граѓаните, да се воздржат од палење огнови на отворено и да не палат отпадоци дури и во нивните дворови, бидејќи ветерот многу лесно може огнот да го пренесе на околната вегетација што е многу сува, а е и многу нарасната оваа година.