Виталик Бутерин, 27-годишен руско-канадски програмер, го создаде етереум во 2013 година кога имал 19 години. Крипто валутата беше промовирана во 2015 година, а сега Бутерин држи околу 333.500 етери во својот јавен паричник. Помножете го тоа со рекордно високатавредност на етер од 3.500 американски долари во вторникот, и ќе добиете повеќе од 1,1 милијарди долари. Не е лошо.

Бутерин во 2012 година беше ко-основач на Bitcoin Magazine, публикација што ги опфаќа биткоинот и другите крипто-валути. Во 2014 година, тој беше избран да биде дел од стипендијата Тиел, двегодишна програма создадена од милијардерот Питер Тиел, која им дава „100.000 американски долари на младите кои сакаат да градат нови работи наместо да седат во училница“.
Тој не е супер активен на социјалните мрежи – изненадувачки за момче со 1,4 милиони следбеници на Твитер.

Цените на етер се зголемија повеќе од четири пати во 2021 година, со раст од 375 отсто. Криптовалутата во моментов е втора по големина дигитална валута според пазарната вредност – нешто помалку од половина од пазарната капитализација на биткоинот. Вкупната вредност на целиот етереум во оптек сега е околу 403 милијарди долари според CoinMarketCap.

Еден етер во вторникот имаше цена од 3.482 американски долари.

Иако инвеститорите купуваат и продаваат илјадници различни крипто-валути – вклучувајќи го и доџкоинот поттикнат од твитовите на Елон Маск – на етерот и биткоинот отпаѓаат на речиси две третини од целиот глобален пазар на криптовалути од 2,3 билиони долари.

Ентузијазмот за криптовалутите нагло се зголеми во април кога трговската платформа Coinbase излезе во јавноста по проценка од 86 милијарди долари. Биткоинот се искачи на рекордно високо ниво, проследено со „див“ пораст од 500 отсто на доџкоин, средство што беше создадено како шега во 2013 година. Поддржувачите на крипто-валути поминаа години инсистирајќи на тоа дека етереум, биткоин и други дигитални монети може да го револуционизираат светот на финансиите и со успехот на дебито на Coinbase на Волстрит, тие поддржувачи конечно го имаат својот момент.

Дел од растот на етереум може да се смета на фактот дека тоа е избор на крипто-валута за купување на многу т.н. non-fungible токени или NFT – дигитални сертификати кои го зафатија светот на уметноста и колекционерските предмети што се трансформираат во еден вид проверливи средства што се лесни за трговија на блокчејн.